Временска прогноза
Сончево со умерена облачност
30.08.2023 07:53
Во Македонија времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец...

Во Македонија времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Локално, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен слаб дожд, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од девет до 18 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
