Македонија

Почнува кампањата „Ние сме Европа“

30.08.2023 08:14

Кампањата вредна 80 илјади евра ќе одржува во повеќе градови низ Македонија со теми блиски до местата на одржување...

Почнува кампањата „Ние сме Европа“ на Секретаријатот за европски прашања, со кој треба да се објасни важноста на евроинтеграцијата.

„Отворената трибина: ЕУ за македонската економија“ ќе биде одржана вечерва на плоштадот Јадран, со која официјално почнува кампањата „Ние сме Европа“ во рамки на напорите на Владата за исполнување на стратешката цел-полноправно членство во ЕУ. Кампањата вредна 80 илјади евра ќе одржува во повеќе градови низ Македонија со теми блиски до местата на одржување.

Ќе бидат организирани серија настани и информативен караван за презентација на можностите од членството во Унијата во економијата, културата, енергетиката, туризмот, земјоделството, инфраструктурата, социјалната политика и младите.