„Регата“ во чест на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“
Повеќе од 200 километри по течението на реката Вардар од Велес до Солун ќе поминат шеесетина кајакари од Македонија, Австрија, Србија, Бугарија и Германија во чест на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.
Регатата која е симбол на сесловенскиот дух се организира по четврти пат а стартот е од единствениот град во регионот домаќин на две регати.
Со кајаци и кануа од Велес до Солун четири дена шеесетина кајакари од Австрија, Србија, Бугарија, Германија и Македонија ќе пловат по реката Варадр во чест на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.
„Регатата“ ќе се вози во четири етапи. Првата е до Стоби, втората етапа е Демир Капија, третата е Гевгелија и на четвртата во недела се пристигнува во Солун“, рече Александар Коцев организатор на регатата.
Целта на оваа меѓународна спортска регата е да се промовира најдолгата река во Македонија, транзитниот туризам и кајакот како спорт.
„По вторпат сум на оваа регата, минатат година бевме четворица учесници сега сме тринаесе. Вардар е возбудлива река, со многу брзаци, клисурата кај Демер Капија е посебно интересна траса и затоа се радувам што и годинава сум дел од овој настан“, рече Јанис Канделка од Австрија,учесник на регатата.
„Сум пловела по Дунав но за Вардар многу имам слушано, на интернет гледав делови од оваа регата и еве сега сунм тука нестрплива да запловам по реката“,рече Ерика Канделка од Астрија ,учесник на регатата
Регатата посветена на сесловенските просветители Кирил и Методиј е традиционална и влезена е со календарот на светските регати.
Дијана Иванова
