МВР
236 санкционирани возачи во Скопје, 74 за брзо возење
30.08.2023 08:20
На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 24 санкции за користење на мобилен телефон при возење, осум мерки за некористење на сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.
