Војна со дронови
Во западен Псков одекнаа силни детонации. Регионалниот гувернер соопшти дека се погодени аеродром и четири транспортни авиони...

Шест региони на руска територија-цел на украински беспилотни летала-обвинува Москва. Во западен Псков одекнаа силни детонации. Регионалниот гувернер соопшти дека се погодени аеродром и четири транспортни авиони.
„За среќа нема жртви. Се проценува штетата. На местото работат сите служби. Одржавме состанок на штабот за одговори и ги испланиравме првите акции“, изјави Михаил Ведерников гувернер на регионот Псков.
Руски дронови од различни правци изутрината го погодија Киев. Има жртви. Градската воена управа на Киев соопшти дека градот не доживеал таков силен напад уште од пролетта. Во меѓувреме, администрацијата на Бајден најави дека ќе испрати дополнителни 250 милиони долари во оружје и муниција во Украина како дел од нејзината постојана поддршка на контраофанзивата на Киев.
