Африка

Извршен државен удар во Габон

30.08.2023 09:13

Границите се затворени, институциите распуштени, а во главниот град Либревил одекнуваат истрели...

Армиски офицери во Габон се појавија на националната телевизија и објавија дека ја презеле власта во земјата-пренесува Би-Би-Си. Границите се затворени, институциите распуштени, а во главниот град Либревил одекнуваат истрели.

Пучистите посочија дека не ги признаваат резултатите од изборите што се одржаа во саботата на кои победата ја прогласи претседателот Али Бонго-кој требаше да го преземе третиот мандат. Тие изјавија дека решиле да го бранат мирот во земјата со ставање крај на сегашниот режим.