САД

„Идалија“ со силни ветрови се заканува на Флорида

30.08.2023 09:15

Наредена е евакуација на жителите во крајбрежните области. Бурата која се засили во топлите води на мексиканскиот залив се заканува да предизвика смртоносни бранови и врнежи од дожд...

Силните ветрови со над 170 километри на час кои со себе ги донесе ураганот „Идалија“ веќе ги тресе градовите во западна Флорида. На удар Форт Мајерс и Тампа. Наредена е евакуација на жителите во крајбрежните области. Бурата која се засили во топлите води на мексиканскиот залив се заканува да предизвика смртоносни бранови и врнежи од дожд.

„Последното ажурирање од Националниот центар за урагани покажува поместување на запад што значи, ударот ќе биде посеверно и ќе донесе подиректни влијанија во окрузите како Леон, Џеферсон и Вакула“, изјави Рон де Сантис, гувернер на Флорида.

Граѓаните и војската со последни подготовки. Последиците можат да бидат голем удар за државата која сè уште се справува со долготрајните штети од минатогодишниот ураган „Иан“.