Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ДУИ и СДС нема пари за учебници, за лекови, а има за фирмите на своите роднини

30.08.2023 09:34

Владата на СДС и ДУИ има пари за своите семејства, за внуците. Или фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Секој од ДУИ си има своја фирма и си склучува тендери во четири очи, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС и ДУИ нема пари за учебници за учениците, нема пари за наставниците, за лекарите, за лекови за граѓаните. Владата на СДС и ДУИ има пари за своите семејства, за внуците. Или фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Секој од ДУИ си има своја фирма и си склучува тендери во четири очи, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Бујар Османи, како министер за надворешни работи, на фирмата Еуровиа ДООЕЛ ќе и исплати 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар Борис Трајковски. Османи вели дека токму оваа фирма понудила најисплатлива понуда на тендерот, а оваа фирма се поврзува со ДУИ во многу случаи, а сопственикот и фирмата се нејзини незаконски донатори.

Нагласуваат дека има основен сомнеж за сериозна злоупотреба на службената положба.

Секое соммение за криминал ќе се истражи, одговорност ќе има. Мора да се стави крај на криминалот на ДУИ и СДС. Тоа можат да го сторат само граѓаните на избори- стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.