Партии

СДСМ: Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени, отворена врата за ЕУ е историска шанса

30.08.2023 09:38

Од партијата нагласуваат дека Македонија има историска и реална шанса, веќе во 2030 година да стане полноправна членка на ЕУ. Антиевропското делување на Мицкоски и ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата. Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина.

Отворената врата кон Европската унија претставува историска шанса за реализација на стратешката цел на државата и на граѓаните. По 10 години, во ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. Во наредните месеци ЕУ треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека Македонија има историска и реална шанса, веќе во 2030 година да стане полноправна членка на ЕУ. Антиевропското делување на Мицкоски и ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата. Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина.

Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени. Потребно е усвојување на важни, државнички одлуки за реазлиација на оваа стратешка цел. СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард- стои во соопштението.