Македонија

МВР: 29 санкции за пребрзо возење во Куманово

30.08.2023 10:00

На подрачјето на Куманово биле санкционирани 29 возачи, од кои 25 во населено место и четири надвор од населено место...

Вчера полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, на подрачјето на Куманово биле санкционирани 29 возачи, од кои 25 во населено место и четири надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.