Влада

Ковачевски ќе се обрати на првата отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“

30.08.2023 10:04

Како што соопштуваат од Владата, покрај Ковачевски на отворената трибина ќе говорат и Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Хозе Луиз Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Благица Петрески од Finance Think, како и Ирена Јакимовска, од компанијата Комфи Ангел.

Денеск со почеток во 19 часот на плоштадот Јадран во Скопје, ќе се одржи првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, на тема: „ЕУ за македонската економија“, на која обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски.

Како што соопштуваат од Владата, покрај Ковачевски на отворената трибина ќе говорат и Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Хозе Луиз Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Благица Петрески од Finance Think, како и Ирена Јакимовска, од компанијата Комфи Ангел.

Во рамки на напорите на Владата за исполнување на стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања организира серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ.

Со овој настан официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“ која ќе се реализира во осум градови низ државата и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип, кои ќе имаат конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика, стои во соопштението од владината прес- служба.