Почнува продажбата на влезници за гостувањето на Италија
Како што објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари.
Продажбата на влезници за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против актуелниот европски првак Италија во Скопје во рамки на квалификациите за ЕУРО 2024 почнува денеска.
Како што објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари.
ФФМ објави дека „продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите“.
Европскиот првак Италија ќе гостува во Скопје на 9-ти септември, а натпреварот со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ е во рамки на квалификациската група Ц во која македонската репрезентација е на претпоследното, четврто, место со три бодови од исто толку натпревари.
Фото: ФФМ
