Субвенции за набавка на добиток

23.05.2014 09:42

За набавка на добиток и проширување на стадото сточарите може да побараат субвенции од државата. Огласот за аплицирање ќе трае до 30 јуни годинава.

Огласот е за субвенции за набавени јуници, машки приплодни овци и кози, свињи и пчелни матици, а висината на подршката е до 6.500.000 денари по корисник.

Парите  се добиваатсо ко-финансирање на инвестицијата до 50 проценти  од одобрените трошоци.

Еден сточар може да поднесе најмногу две барања, кои се избираат со бодување.

Набавка на пчелни матици се субвенционира до 600.000, а новите насади на медоносни растенија со најмногу 2.500.000 денари.

Парите  се добиваат со ко-финансирање на инвестицијата до 50 проценти  од одобрените трошоци.


Методија Трајков