Руско-украински конфликт

Војна со дронови и меѓусебни обвинувања

30.08.2023 11:50

Руски дронови од различни правци го погодија Киев. Има жртви и повредени. Воената управа соопшти дека градот не доживеал таков силен напад уште од пролетта...

Шест региони на руска територија, цел на украински беспилотни летала. Во западен Посков одекнале силни детонации. Регионалниот гувернер соопшти дека се погодени аеродром и четири транспортни авиони.

„За среќа нема жртви. Се проценува штетата. На местото работат сите служби. Одржавме состанок на штабот за одговор и ги испланиравме првите акции“, изјави Михаил Ведерников, гувернер на регионот Посков.

Руски дронови од различни правци го погодија Киев. Има жртви и повредени. Воената управа соопшти дека градот не доживеал таков силен напад уште од пролетта.

„Не знаевме дали е дрон или ракетата. Погледнете каде погоди, погледнете што се случи со куќатаГори сè“, изјави Ирина Облат, жителка на Киев.

„Прво нешто леташе, па експлозија. Се крена чад. По 2-3 минути, нова експлозија, па уште еден удар. Погледнав низ прозорецот и ете, уште една експлозија“, рече Илија Ивашко, жител на Киев.

Зеленски изјави дека крајот на војната и каков било дијалог може да се случат само доколку Русите го почитуваат правото и целосно ја напуштат украинската територија.

„Русија мора да ја напушти нашата територија и да има правдаОва е вклучено во формулата за мирКрајот на војната може да се случи во еден или во друг формат на политички дијалог со претставниците на руската моќ, но само откако Русите ќе почнат да ги почитуваат нашите права, правото да живееме на нашата земја и целосно ја напуштат нашата територија“, нагласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Администрацијата на Бајден најави дополнителни 250 милиони долари воена помош за Украина.

„Тоа вклучува дополнителна противвоздушна одбрана и артилериска муниција и друга опрема за да и помогне на Украина да се спротивстави на тековната агресијаЌе продолжиме да работиме со своите сојузници и партнери за да и ги обезбедиме на Украина потребите на бојното поле и барањата за долгорочна безбедносна помош“, рече Сабрина Сингзаменик-секретар за печат на Пентагон.

Руската амбасада во Вашингтон одлуката на САД ја оцени како „врв на лицемерието“. Украина веќе има добиено над 43 милијарди долари од САД откако Русија изврши инвазија минатата година.

Бојана Крстевски