МВР

Спасени три лица кои поради невремето изгубиле контрола над чамец во Дојранското езеро

30.08.2023 11:57

Oд страна на граѓанин е пријавено дека во водите на Дојранското езеро три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон брегот...

Денеска во 08.30 часот во СВР-Струмица од страна на граѓанин е пријавено дека во водите на Дојранското езеро три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон брегот.

Веднаш се преземени мерки од страна на патролниот тим од ПС за ГН и ГП-Стар Дојран, чамецот е пронајден и потоа со помош на патролниот тим чамецот и трите лица безбедно се извлечени на брегот на Дојранското езеро.