„Идалија“ ги брка жителите од брегот на Персискиот Залив
Ураганот „Идалија“ се заканува на крајбрежјето на Флорида. Евакуација на населението поради најавите за големи бранови и ветрови со над 2.100 километри на час...

Со ветрови од над 200 км на час ураганот „Идалија“ се заканува на копното во слабо населениот регион „Биг бенд“ на Флорида. На жителите на Флорида кои живеат во крајбрежните области им е наредена евакуација. Во мексиканскиот залив можни бранови опасни по живот обилни врнежи од дожд.
„Ако сте во зона за евакуација и сте упатени да се евакуирате, сега е време да го направите тоа. Ве молиме донесете одлуки што се најдобри за вас и за вашето семејство. Не треба да патувате стотици милји подалеку, едноставно стигнете до повисоките места“, изјави Рон де Сантис, гувернер на Флорида.
„Не заминав за Иан и нема да заминам поради ова, така што ќе се дружиме и ќе се грижиме за она што ни треба. На кој било друг му е потребна каква било помош на островот, ние сме тука и помагаме на кој и да му треба“, изјави сопственик на бизнис.
„Неверојатно е кога ќе го видите количеството камиони и ресурси овде, ги замолуваме луѓето само да бидат трпеливи“.
Шефот на Федералната агенција за вонредни состојби ги повика жителите на Флорида сериозно да го сфатат ураганот „Идалија“. Ја нарече „настан без преседан“ бидејќи досега немало регистрирано големи урагани што поминале низ заливот што се допира до „Биг бенд“.
„Ја барам вашата помош за да се осигурам дека луѓето на патот на бурата ќе ја добијат оваа порака. Знам дека на жителите на Флорида не име непознато ова, и апелирам сите жители на Флорида сериозно да ја сфатат оваа бура. Оваа бура е многу силна и се очекува да зајакне до голем ураган. Оваа бура ќе биде смртоносна ако не ја сфатиме сериозно“, изјави Дин Крисвел, администратор на Фема.
„Загрижен сум од најновите нумерички прогнози. Загрижен сум за две места Апалачикола, која има малку повеќе население, и Талахаси. Тоа некако може да биде точно на патот на бурата. И тоа е многу населено место“, изјави Кери Емануел, Технолошки институт во Масачусетес.
„Идалија“, исто така, ја погоди и Куба со обилни дождови. Ја остави тутунската провинција Пинар дел Рио под вода и многу нејзини жители без струја. „Идалија“ е првата бура на Флорида оваа сезона на урагани, но и последна во летото на природни катастрофи, вклучително и шумски пожари на Хаваи, Канада и Грција.
Марина Ристова
