Судство

Судскиот совет одржа седница

30.08.2023 12:23

Членовите на телото се пожалија дека министерот за правда Лога и претседателката на Врховниот суд Адеми, кои се членови на советот по функција веќе подолг период не ги известуваат за нивното отсуство од седниците...

Судскиот совет одржа седница. Членовите на телото се пожалија дека министерот за правда Лога и претседателката на Врховниот суд Адеми, кои се членови на советот по функција веќе подолг период не ги известуваат за нивното отсуство од седниците.

Тие и денеска биле уредно поканети, но не појавија. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, рече дека нивното присуството е многу важно за да се разговара за состојбите во правосудството, наместо тоа да се прави преку медиумите.

Лога, пак, денеска реагираше до советот, да не и се дозволи на судијка која еднаш паднала на психолошки тест и на тест за интегритет, повторно да полага зашто со тоа се создава незаконита практика.