УКИМ

Почнаа уписите за студенти во прва година на 23 факултети во рамки на Државниот Универзитет „Св Кирил и Методиј“

30.08.2023 14:43

Почнаа уписите на Државниот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“. 23 факултети ги отворија вратите за прием на над 10.400 бруцоши...

За упис на нови студенти, 23 факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ја отворија вратата. Над 10 илјади слободни места. Најмногу на ФИНКИ, Природно-математичкиот и на Правниот факултет. Каде ќе има најмногу бруцоши годинава? Електронското пријавување е во тек, но со документите в рака, идните студенти дојдоа да аплицираат за посакуваната струка со очекување дека ќе им се оствари сонот, за работна позиција и кариера во земјава или надвор од границите.

Само со добро скроени и реализирани наставни програми на универзитетите, младите може да ги задржиме да го продолжат академското образование во земјава – согласни се професорите.

На Економскиот факултет и годинава очекуваат голем број студенти во новата академска година да седнат во нивните клупи. Велат, традиционално и покрај негативните демографски трендови.

УКИМ се најде на 1.990 позиција од 2.000 најдобро рангирани универзитетите во светот според шангајската листа. Според анализите, квалитетното образование не зависи само од бројот на високообразовни институции, одамна академската фела инсистира да се направи реформирање на наставните програми, за финансирање и недостиг од научно-истражувачка работа, да се задржи младиот академски кадар.

 

 

Александра Спировска