МВР: 121 санкционирани возачи на мотоцикли, 64 без заштитна кацига
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 18.00 до 00.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 121 возач. Од нив, 64 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, a шест биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. За време на контролата санкционирани се и 145 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.
