Дијабетичарите и натаму без потребните мерачи
Наместо ленти и глукемери да добијат сите 44.000 пациенти кои се на инсулинска терапија, вчера била пуштена мала количина на ленти од стар тендер. Од Министерство за здравство велат тоа е донација, за надминување на проблемот...

Наместо ленти и глукомери да добијат сите 44.000 пациенти кои се на инсулинска терапија, вчера било пуштено мало количество ленти од стар тендер, тврди Сојузот на здруженија на дијабетичари. Од таму велат дека властите си поигруваат со болните.
Одговор побаравме од компанијата која годинава го доби тендерот, но не добивме одговор. Ни од Министерство за здравство не одговорија за што станува збор.
Пациентите кои се на инсулинска терапија, 8 месеци сами купуваат ленти и глукомери. Од Министерството за здравство на прашање на МТВ пред два и пол месеца, на 16-ти јуни, одговорија дека е завршена набавката на ленти и игли и за десетина дена ќе се најдат во инсулинските аптеки. Но не се случи тоа.
Во почетокот на јули претставниците на сојузот добија ветување лично од министерот дека до средината на јули проблемот ќе им биде решен. Ветувањето не беше одржано, пациентите со дијабетес организираа протест на 21-ви јули, по кој добија игли и антидијабетна терапија, но не и ленти и глукомери.
Од Сојузот на дијабетичари поднесоа претставка до Министерството за здравство, да ги потсетат дека нивниот проблем не е решен.
Наташа Јанчиќ Менковски
