Временска прогноза

Сончево со умерена облачност

31.08.2023 08:11

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за локален слаб дожд...

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од девет до 19 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.