Македонија

Македонската одбојкарска репрезентација со победа стартуваше на Европското првенство

31.08.2023 08:46

Македонската одбојкарска репрезентација со победа стартуваше на Европското првенство, откако во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Данска со 3-1 во рамки на 1. коло од групата Ц која се игра во Скопје...

Македонската одбојкарска репрезентација со победа стартуваше на Европското првенство, откако во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Данска со 3-1 во рамки на 1. коло од групата Ц која се игра во Скопје.

До својата стартна победа на третиот настап на европските првенства македонските одбојкари дојдоа со пресврт во исцрпувачки и неизвесен натпревар кој траеше два и пол часа.

Првиот сет беше резултатски израмнет до 13-13, кога Данците направија серија од 4-0, задржувајќи ја предноста за водство од 1-0 во сетови. Вториот сет влезе во неизвесна завршница (17-17), по што уследија два врзани поени на македонските одбојкари, кои ја искористија втората сет-топка и со идентични 25-22 го израмнија резултатот во сетови на 1-1.

Израмнувањето ја врати самодовербата во редовите на „црвено – жолтите“, кои фуриозно го отворија третиот сет во кој поведоа со 10-6. Победата ја заверија во четвртиот сет кој, како и вториот, го решија во своја корист со 25-22.