Бархман: Патот на Македонија кон ЕУ ќе биде уште потежок по европските избори

23.05.2014 10:13

По европските избори, проширувањето на ЕУ и патот на Македонија ќе бидат уште потешки, вели вицепретседавачот со Комисијата за Европска унија во Бундестагот, Хајнц Јоахим Бархман...

Сириза во Грција има голема предност, по европските избори, проширувањето на ЕУ и патот на Македонија ќе бидат уште потешки, вели вицепретседавачот со Комисијата за Европска унија во Бундестагот, Хајнц Јоахим Бархман.

„Грчката Сириза, најверојатно има голема предност, а на грчката почва таа не е безусловно голем пријател на Европската унија. Затоа и сум скептичен, дека ќе има олеснети можности, кои ќе го забрзаат приклучувањето на Македонија кон ЕУ“, посочува Бархман.

Вели, факт е дека и ние во Германија, а и во другите држави, говориме дека националните сили, партии, а не проевропските, се повеќе ќе се засилуваат во Европскиот Парламент.

„Можам да си претставам дека тие нема да инсистираат на брзото проширување на ЕУ“, истакнува Бархман.

Ова, според германскиот копретседавач со Комисијата за Европската унија, е голем проблем.

„Верувам дека целиот процес ќе биде потежок по изборите“, вели Бархман.