Сеул

Јужна Кореја и САД одржуваат вежби

31.08.2023 09:43

Јужнокорејската и американската војска одржаа вежба во близина на границата со северна Кореја....

Јужнокорејската и американската војска одржаа вежба во близина на границата со северна Кореја. Вежбата има за цел да ја подобри интероперабилноста меѓу јужнокорејските и американските војници за време на преминувањето на јазот.

Во вежбата учествуваа околу 150 јужнокорејски и американски војници заедно со над 20 вооружени возила и тенкови.

Претходно северна Кореја лансираше две ракети со краток дострел.