СДСМ: Со членство во ЕУ стануваме дел од економска суперсила, ДПМНЕ тоа сака да го блокира
Влезот во ЕУ пак дополнително ќе ги зајакне позициите за домашните компании, ќе отвори нови трговски перспективи со што се обезбедуваат одржливи стапки на раст на БДП, што пак во крајна линија ќе значи повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард, велат од партијата.

Со членството во ЕУ нашата земја ќе стане дел од трговската суперсила, која сочинува 16 отсто од светската економија и тргување и создава извоз од 2,18 трилиони евра. Европската Унија има единствен пазар од 500 милиони луѓе, што обезбедува континуиран раст на целиот сојуз, нешто што секоја земја членка поединечно нема никогаш да може да го постигне, соопштуваат од СДСМ.
Влезот во ЕУ пак дополнително ќе ги зајакне позициите за домашните компании, ќе отвори нови трговски перспективи со што се обезбедуваат одржливи стапки на раст на БДП, што пак во крајна линија ќе значи повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард, велат од партијата.
Нагласуваат дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ сакаат тоа да го блокираат. Работат против волјата на 80 отсто од граѓаните, кои се за членство во унијата. Блокадите на ДПМНЕ мораат да бидат поразени- стои во соопштението од СДСМ.
