Пропусти на Судскиот совет, констатираше Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИСот во судовите
Од Министерството за правда соопштуваат дека и во наредниот период ќе останат да бидат транспарентни и ќе ги објавува на својата веб- страница сите записници...

Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата, Берово, Крушево, Кратово и Куманово при што ги констатираше следните состојби:
Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС;
Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност;
Недоволен број на информатичари во судовите;
Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми;
Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели;
Тонското снимање главно не функционира.
Ова се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.
Од Министерството за правда соопштуваат дека и во наредниот период ќе останат да бидат транспарентни и ќе ги објавува на својата веб- страница сите записници од извршените надзор во судовите.
