Толедо

Нигер и Украина главни теми на состанокот на ЕУ

31.08.2023 11:09

Домаќин на состанокот, со кој ќе претседава високиот претставник на ЕУ, Борел, е шпанскиот министер за надворешни работи, Албарез, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ...

Ситуацијата во регионот на Сахел, пред сè во Нигер, како и руската агресија врз Украина и мировната иницијатива предложена од Киев, главни теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи во шпанскиот град Толедо.

Домаќин на состанокот, со кој ќе претседава високиот претставник на ЕУ, Борел, е шпанскиот министер за надворешни работи, Албарез, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

На средбата на шефовите на дипломатиите ќе се разговара за планот што го подготвува Унијата за воведување санкции за членовите на хунтата во Нигер.