Шаќири уверува дека учебниците се доставуваат по училиштата, наставниот кадар ќе има повисоки плати
Министерот Шаќири појасни дека новото зголемување на платите ќе се добие со колективниот договор, но и со усогласувањето на платите. Порача, да не страдаат учениците за дневно- политичките препукувања на синдикатите...

Од 1-ви септември наставниот кадар ќе има повисоки плати, најави министерот Шаќири. Појасни новото зголемување ќе се добие со колективниот договор, но и со усогласувањето на платите. Порача, да не страдаат учениците за дневно- политичките препукувања на синдикатите.
Ресорниот министер уверува дека учебниците се доставуваат по училиштата. Во меѓувреме, за трето одделение се печатат и се доставуваат, а очекува до крај на септември и шесто оделенците да добијат учебници.
„Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, а во меѓувреме на располагање се помошни учебници“, информира Шаќири.
Годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29-ти април до 5-ти мај, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.
