Симулациска вежба во Старо Нагоричане: Пожарникарите на висина на задачата

23.05.2014 10:37

Да се подигне свеста и хуманоста и пред се, да се спаси човечкиот живот е основното мото на спасителите од разни непогоди. Во Старо Нагоричане се спасуваа ученици и наставници заробени во пламени јазици. Пожарникарите на висината на задачата. Еве како изгледаше вежбата...

Училиштетото гореше, учениците и наставници во паника бегаа од пламените јазици. Дел од децата останаа заробени на третиот кат од училишната зграда, но за среќа пожарникарите стигнаа навреме и успеајаа да ги евакуираат. Сепак оваа не беше витински пожар, туку дел од сценариото за симулирана вежба која се изведе во училиштето во Старо Нагоричане.

„Секое училиште има план за евукација, ние се водевме според него и успешно ги спасивме сите жртви заглавени во пожарот. Драматично беше тоа што дел од нив беа во последните училници и единствен излез беше да скокаат од прозорци –вели командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски.

Во било која елементарна непогода или несреќа, најважно е да се спаси човечки живот. Целата на овој настан беше да се подигне свеста и хуманоста кај граѓаните велат од Противпожарниот сојуз на Макеоднија.

„Вежбата беше замислена да ги покаже сите непредвидени ситуации до кои може да дојде и како да се реагира , а воедно беше укажано и на задачите  која имаат службите и институциите во таквата ситуација“, изјави проф. д-р Никола Николов, претесдател на Против пожарниот сојуз на Македонија.

Во училишниот двор ,беше изведена и вежба за извлекување на повреден од автомобил во сообраќајна незгода. Еве како реагираа граѓаните.

„За било каква незгода да се работи , најважно е да се помогне и тоа навреме ,затоа што така ќе има помали последици... Наслението треба да притрча на помош но и да ги слуша инструкциите на стручните екипи, зашто некогаш од незнаење може да се направи фатална грешка“, велат граѓаните.

На крајот според сценариото повредените лица беа пренесени во најблиската болница со хеликопер на МВР.

 

Габриела Димковиќ