Институт за демократија

Се влошува квалитетот на дебатата во Собранието

31.08.2023 13:20

Речиси половина од излагањата се без аргументи. Другите, пак, слабо аргументирале, најчесто со само еден аргумент. Едвај осум пратеници користеле два аргумента, а аргументите на другиот не се вреднуваат.

Пратениците повторно потфрлија. Извештајот на Институтот за демократија за втората половина од минатата година покажа дека се влошува квалитетот на дебатата во Собранието. На скала од 1 до 10, оценката е 5,5.

Речиси половина од излагањата се без аргументи. Другите, пак, слабо аргументирале, најчесто со само еден аргумент. Едвај осум пратеници користеле два аргумента, а аргументите на другиот не се вреднуваат.

Во дискусиите, многу поактивни биле пратениците од опозицијата.