Поскапе огревното дрво, кубен метар се продава и до 75 евра
Изгор цени на огревното дрво во полошко. Кубен метар се продава и до 75 евра. Дел се откажуваат од ваквиот начин на греење, дел велат ќе мораат да штедат на дрва. Трговците се жалат дека го набавуваат дрвото по многу висока цена, а прометот драстично им е намален …

Дел од граѓаните пак велат дека поради скапата цена, годинава решиле да се откажат од огревно дрво.
Сметаат дека трговците ги дигнале до плафон маржите, за на крај потрошувачите како и за сите производи, да го извлечат подебелиот крај. Инспекцијата треба да биде поажурна, да работи на терен и да ги контролира цените.
Ги посетивме речиси сите плацеви во Тетово каде се продава огревно дрво.
Но, никој од трговците не сакаше да зборува пред камера, ниту пак дозволија снимање. Повеќе не посетуваат инспекциските служби отколку муштериите, затоа и не сакаме да излегуваме јавно да зборуваме за проблемот, велат тие.
Се жалат дека немаат промет, „огревното дрво е скапо оти го набавуваме по висока цена“.
Метар кубен го купуваме за 60, а го продаваме за 70 евра, каде е превозот, данокот на државата и работниците, додаваат трговците.
Но, граѓаните кои имаат имот на Шара, оваа година лесно ќе ја поминат зимата. Од Националниот парк Шар Планина, велат дека резидентните граѓани имаат поволни услови за користење на шумата.
За кубен метар од приватна треба да платат 400, а од државна шума 1000 денари.
Изјава Ибрахим Дехари директор на Национален парк Шар Планина
Интересот за снабдување со огревно дрво од Шар Планина е зголемен поради ниските цени, но и поволните услови. На шарпланинските села живеат над 15.000 жители, голем дел од нив се греат на дрва.
Зоран Димовски
