Вградување на владеењето на правото во процесот на проширување на ЕУ

03.12.2013 11:42

Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ со поддршка на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер на 4 декември 2013 година во просториите на информативниот центар на ЕУ организираат промотивен настан и дискусија на тема Вградување на владеењето на правото во процесот на проширување на ЕУ – досегашни искуства и перспективите на земјите од западниот Балкансо почеток во 11 часот.

Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ со поддршка на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер на 4 декември 2013 година во просториите на информативниот центар на ЕУ организираат промотивен настан и дискусија на тема Вградување на владеењето на правото во процесот на проширување на ЕУ – досегашни искуства и перспективите на земјите од западниот Балкансо почеток во 11 часот.

Настанот ќе го отворат министерот за правда, Н.Е. г. Блерим Беџети, шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. г. Аиво Орав. Специјален говорник на настанот ќе биде г. Дејвид Џејмс МекАлистер, кандидат за пратеник во Европскиот парламент и носител на листа на Христијанско демократската унија (ЦДУ) во Долна Саксонија. Г. МекАлистер, доскорешен премиер на оваа германска покраина, е и претседател на ЦДУ во Долна Саксонија.

На настанот ќе биде промовирана публикацијата Вградување на владеењето на правото во процесот на проширување – случај за политичката условеност од ЕУ при пристапувањето на земјите од западниот Балкан. Компаративна анализа ги испитува политичките критериуми поврзани со поглавје 23 од правото на ЕУ – Правосудство и темелни права во процесот на преговори и преземените дејствија од страна Хрватска и Црна Гора со цел да ги исполнат овие критериуми. Врз база на горенаведените случаи, анализата нуди заклучоци за Македонија поврзани со можните одредници во процесот на преговори за поглавјето 23 како и процедурата во која истите би биле поставени и би се вршел мониторинг на нивното исполнување. Свое излагање ќе имаат и претставници од Министерството за надворешни работи на Хрватска, г-ѓа Гордана Видовиќ Месарек, и од Министерството за правда на Црна Гора, г. Никола Шарановиќ. Оваа сесија ќе ја затвори г-ѓа Агнеза Руси, директор на директоратот за ЕУ при Министерството за надворешни работи на Македонија. 

Настанот ќе се заокружи со дискусија за перспективите на Македонија во светло на Стратегијата за проширување на ЕУ 2013–2014. Во рамки на оваа сесија, свое излагање ќе имаат поранешните заменици на претседателот на Владата одговорни за ЕУ прашања, г-ѓа Теута Арифи и г. Ивица Боцевски. Дискусијата ќе биде надополнета со излагањата на претседателот на Комисијата за европски прашања во Собранието на РМ, г. Хајрула Мисини, како и членовите на Комисијата г-ѓа Христина Рунчева, и г. Гордан Георгиев.