На СП во хокеј Канада и САД во аут, завршницата европска

23.05.2014 11:16

Олимпискиот шампион Канада е елиминирана уште на стартот од нокаут фазата на Светското првенство во хокеј на мраз. Канаѓаните кои беа најдобри во “А“ групата во меч исполнет со пресврти загубија од Финска, која во четвртфиналните натпревари влезе како четвртопласирана во “Б“ групата. Финците славеа со 3 : 2 благодарение на третиот период, кој го добија со 2 : 0 и го свртеа натпреварот во своја полза. Беа подобри и во првиот кога го постигнаа единствениот гол, по што Канада возврати во вториот со два гола во противничката мрежа.

Олимпискиот шампион Канада е елиминирана уште на стартот од нокаут фазата на Светското првенство во хокеј на мраз. Канаѓаните кои беа најдобри во “А“ групата во меч исполнет со пресврти загубија од Финска, која во четвртфиналните натпревари влезе како четвртопласирана во “Б“ групата. Финците славеа со 3 : 2 благодарение на третиот период, кој го добија со 2 : 0 и го свртеа натпреварот во своја полза. Беа подобри и во првиот кога го постигнаа единствениот гол, по што Канада возврати во вториот со два гола во противничката мрежа. Шампионатот заврши и за вториот северноамерикански адут САД, кои загубија од Чешка со 3 : 4. Чесите водеа по две третини со 4 : 1, по што олимпискиот вицешампион со два гола во завршниот период се доближи на гол негатива, но не успеа да се врати целосно во мечот.

Русија имаше најлесна задача при што рутински ја совлада Франција со 3 : 0 постигнувајќи по еден гол во секоја од третините, а четвртфиналната драма кулминира во последниот меч во кој Белорусија се соочи со Шведска. Светскиот шампион го доби првиот период со 1 : 0, домаќинот возврати со 2 : 1 во вториот, а решавачки беше голот на Екхолм во завршните 20 минути, заедно со неискористениот пенал на Белорусија. Во полуфиналните натпревари кои се закажани за утре, Русија ќе игра со Шведска, а Чешка против репрезентацијата на Финска.