Железнички сообраќај

Независниот синдикат на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт во бојкот

31.08.2023 14:34

Независниот синдикат на машинскиот и извршниот персонал на МЖ-Транспорт ќе бидат во бојкот, нема да сообраќајат патничките и товарните возови сè додека не им биде исплатен вториот дел од јулската плата. Бараат подобри услови за работа, повлекување на решенијата за суспендирање на 12 работници...

Машинскиот и извршниот персонал на Македонски железници – Транспорт речиси една недела е во бојкот. Револтирани, работниците бараат исплата на целата плата за јули, но побараа и подобри услови за работа. Велат, само така патничките и товарните возови повторно ќе сообраќаат.

Директорот на претпријатието имал средба во Владата, но повеќе информации за состојбата во Железница најави за деновиве.

Менаџментот на Железница смета дека бојкотот е незаконски, бидејќи е прекршен Законот за работни односи и Колективниот договор. Оттаму велат дека мотивот не е социјалниот момент, туку од лична корист на поединци. Двете претпријатија, Инфрастуктура и Транспорт имаат речиси 1.600 работници. Изминатиов период, Железницата често е блокирана. Работниците сметаат дека само се менуваат директори, а проблемите не се решаваат.

 

Игор Панов