Живот со дијабетес – сторија на МТВ за предизвиците со коишто се соочуваат пациентите
Околу 10 илјади денари – толку семејството Цветков месечно плаќа за сензори и ленти, за нивниот 15-годишен син навреме да ја мери гликемијата. Тој од шестгодишна возраст е дијабетичар. Ова семејство се чувствува изиграно од Министерството за здравство, кое засега не успева да најде решение за нивниот проблем...

Речиси десет години семејството Цветков се соочува со сите предизвици кои ги носи дијабетесот. Постариот син на Јовче, од 6 години е на инсулинска терапија. Редовна и прецизна контрола на шеќерот во крвта е клучна за болеста да не оштети и други органи. Секој месец се одделуваат од семејниот буџет околу 10.000 денари за сензори кои ги набавуваат од странство, а веќе 9 месеци и за ленти кои мора сами да ги купуваат.
Цветков вели тоа државата повеќе ќе ја чини, но никој не води сметка. Според него, Министерство за здравство ги разочарало зашто наместо решение на проблемот, поделило само мало количество на ленти.
44.000 пациенти се на инсулинска терапија, тие не се бројка, тие се дел од семејства кои директно се засегнати со немањето основни средства за контролирање на болеста. Тие досега од ресорно Министерство добија само ветувања.
Наташа Јанчиќ Менковски
