СВР Тетово
СВР Тетово расчисти пет тешки кражби во верски објекти во тетовско, приведен крадец
31.08.2023 17:18
Полициски службеници од СВР Тетово, денеска околу 10 часот и 30 минути во тетовско Долно Седларце го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип...

Полициски службеници од СВР Тетово, денеска околу 10 часот и 30 минути во тетовско Долно Седларце го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип.
Тој се сомничи дека во периодот од 20-ти јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари.
Кај него биле пронајдени и одземени разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела. Т.Б. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава.
