Грција

Продолжуваат огнените стихии во североисточниот дел на Грција

31.08.2023 17:59

Над 580 пожарникари од Европа, вклучувајќи и тимови од Романија и Шпанија, им помагаат на грчките екипи кои се борат со огромни пожари во североисточниот дел на медитеранската земја...

Над 580 пожарникари од Европа, вклучувајќи и тимови од Романија и Шпанија, им помагаат на грчките екипи кои се борат со огромни пожари во североисточниот дел на медитеранската земја.

Огнот е активен веќе 13 дена, властите издадоа предупредување за загрозените подрачја.

Можна е и евакуација во наредниот период. Уништени се многу домови и големи површини од шумските предели во Александрополис и Еврос, во близина на границата со Турција.