Се стабилизира состојбата во поплавените региони

23.05.2014 11:26

Европската банка за обнова и развој соопшти дека подготвува пакет финансиска помош за отстранување на последиците од катастрофалните поплави...

Се нормализира состојбата во поплавените региони во земјите од Западен Балкан. Водата се повлекува, и следува санација на теренот.

„Прво мора да ја испумпаме сета вода и да ја вратиме во реката Млава, и потоа ќе продолжиме со деретизација и дезинфекција на теренот“, вели еден пожарникар.

Европската банка за обнова и развој соопшти дека подготвува пакет финансиска помош за отстранување на последиците од катастрофалните поплави.

Банката планира да го поддржи обновувањето на локалните претпријатија и реконструкцијата на инфраструктурата во регионот. Помошта се однесува на Хрватска, Србија и на Босна и Херцеговина, а Босна влегува и во пакетот за помош од Европската унија.