Железници: Платата на машиновозачите е над 67 илјади, а не 40 илјади како што изјави претседателот на синдикатот
Најостро ја демантираме изјавата на Претседателот на Синдикат Тони Димовски во која изјавува дека месечната плата со вклучени надоместоци изнесува максимум 40.000,00 денари...

Најостро ја демантираме изјавата на Претседателот на Синдикат Тони Димовски во која изјавува дека месечната плата со вклучени надоместоци изнесува максимум 40.000,00 денари. Истата е целосно неточна и невистината, а воедно сака да се претстави погрешна слика во јавноста. Никаде во неговата изјава не е споменат т.н. километар што просечно изнесува нешто помалку од 20.000,00 денари месечно. Во табелата подолу се прикажани вкупните просечни примања на еден машиновозач во текот на еден месец. Од табелата може да се заклучи дека за месеците мај, јуни и јули просечните примања на машиновозачот во кои спаѓаат, плата, додатоци на плата и километар изнесуваат 67.640, 00 денари
Како и во претходното соопштение дадено од наша страна, преку горната табела само дополнително појаснуваме и даваме детален приказ на јавноста, односно даваме спецификација на просечна нето-плата, бруто-плата и просечен километар на машиновозачи за период од Месец 05-2023 до Месец 07.2023 година, од каде јасно може да се видат колкави се примањата на месечно ниво, како и тримесечен просек, од каде што може да се види дека само просечната плата со додатоци изнесува 48.237,00 и со надоместоците на плата, т.н. километар, изнесува 67.640.00 денари. Основната плата од 25.000,00 денари ја зема машиновозачот, ако во соодветниот месец воопшто не вози, што значи дека и сега кога штрајкуваат и не работат, пак им следи плата по 25.000,00 денари.
