Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
01.09.2023 07:44
Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
