Почна учебната 2023/2024 година
Учебната 2023/2024 за првпат ќе заврши на 17-ти јуни. Учениците ќе имаат зимски и пролетен одмор од 29-ти април до 5-ти мај идната година...

Денеска почна новата учебна година за над 200 илјади ученици во основните и средните училишта. Учебната 2023/2024 за првпат ќе заврши на 17-ти јуни. Учениците ќе имаат зимски и пролетен одмор од 29-ти април до 5-ти мај идната година. Согласно концепцијата за основно образование која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците во трето и во шесто одделение, за што се изработуваат нови учебници.
Новина од ова учебна година е примената на нов е-дневник што е во фаза на тестирање и ќе се применува како пилот-проект во 40 училишта. Годинава во училиштата ќе се применуваат нови безбедносни мерки дефинирани од МВР.
