МВР

231 санкционирани возачи во Скопје, 64 за брзо возење

01.09.2023 09:03

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 231 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 16 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.