Тензии во Украина пред претседателските избори во недела

23.05.2014 11:30

Привремените власти во Киев тврдат дека сепаратистите ги убиваат украинските војници користејќи ги цивилите како жив штит.

Екстремистите на украинскиот десен сектор убиле 30 воени регрути кои што го оставиле оружјето за да ги одбранат локалните цивили. Убиени се уште 11 војници, а 32-ца се ранети во одделни судири, а меѓу жртвите имало и членови на народната милиција на Луганск.

Привремените власти во Киев тврдат дека сепаратистите ги убиваат украинските војници користејќи ги цивилите како жив штит.

„Преплашен сум за да зборувам. Тројца мои другари се убиени, а јас не можам ниту да ги земам телата. Нивната борбена единица лежи во полето веќе 30 минути“, изјави еден украински војник.               

Рускиот претседател Путин нареди повлекување на војската од западната граница за да се смири тензијата во пресрет на украинските претседателски избори в недела.