ВМРО-ДПМНЕ: Нема учебници, нема инвестиции, но има каша-попара со предмети од новата концепција на СДС и ДУИ
Но, ниту министерот има грам интегритет, ниту премиерот Ковачевски има храброст да побара одговорност. Тие уште безобразно вината ја префрлаат кај други, а не ја гледаат кај себе, велат од партијата...

Две години оваа епски неспособна власт на СДС и ДУИ не може да отпечати учебници. Да беа европска, како што не се, денес на 1-ви септември министерот за образование и наука ќе депонираше оставка и истата веднаш ќе беше прифатена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, ниту министерот има грам интегритет, ниту премиерот Ковачевски има храброст да побара одговорност. Тие уште безобразно вината ја префрлаат кај други, а не ја гледаат кај себе. Тоа е целосно потценување на интелигенцијата на граѓаните. Денес почнува нова учебна година со огромни проблеми. Тоа што нема учебници е само дел од сантата мраз со проблеми во образованието. Наставниците не се задоволни со своите права, учениците не се задоволни со недостатокот на учебници, сите заедно не се задоволни што во образовната инфраструктура не се поместува ништо на подобро, додаваат од партијата.
Новата концепција која оваа власт ја тера напротив укажувањата на експертите е сосема друга лоша приказна. Политиките на оваа влада создаде таква каша попара во која наставници по биологија ќе предаваат наставни единици поврзани со хемија, а од друга страна во ист предмет ќе предаваат тројца наставници, по историја, географија и граѓанско општество и за тоа треба соодветно да оценат. Хаосот кој оваа власт на СДС и ДУИ го донесе во образованието носи несогледливи последици на долг рок. Оваа власт го уништи образованието, а нација со уништено образование е нација со уништена иднина, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.
