Македонија

Царинска управа: Запленети 15 илјади австралиски долари, откако македонски државјанин сакал да ги внесе во државава без да ги пријави

01.09.2023 10:10

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка.

Запленети се 15.050 австралиски долари, откако македонски државјанин на влез во државава на граничниот премин Ќафасан кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи.

Поради сомневање, царинските службеници пристапија кон личен претрес при што во рачната ташна му пронајдоа 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд, соопштуваат од Царинската управа.