РУСИЈА

Лавров на средба со турскиот колега

01.09.2023 10:13

Министерот за надворешни работи на Турција допатува во Русија за да го оживее договорот што ѝ овозможи на Украина да извезе повеќе од 30 милиони тони жито пред Русија да се повлече од договорот...

Рускиот министер за надворешни работи Лавров разговараше со неговиот турски колега Фидан во Москва околу прашањата на претстојниот состанок на соодветните претседатели на земјите.

„Во пресрет на средбата на претседателите Путин и Ердоган можеме детално да ги разгледаме прашањата што ќе бидат покренати во нивните разговори. Покрај билатералната агенда, имаме многу богат дијалог и практична соработка за регионални и меѓународни прашања“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Министерот за надворешни работи на Турција допатува во Русија за да го оживее договорот што ѝ овозможи на Украина да извезе повеќе од 30 милиони тони жито пред Русија да се повлече од договорот.