САД
„Идалија“ ја опустоши Флорида, 400.000 луѓе без струја
01.09.2023 10:19
Ураганот од трета категорија, со ветрови до 200 км/ч, помина низ Флорида пред да се упати кон внатрешноста и во државата Џорџија...

Ураганот „Идалија“ ги погоди државите Флорида, Џорџија и Јужна Каролина. Невремето предизвика поплави во некои области и остави повеќе од 400.000 луѓе без струја. Ураганот од трета категорија, со ветрови до 200 км/ч, помина низ Флорида пред да се упати кон внатрешноста и во државата Џорџија.
Сè уште се проценува вкупната штета.
