ТЕКСАС
Загинати во престрелка пред трговски центар во Тексас
01.09.2023 10:22
Две лица биле прогласени за мртви на местото на пукањето, меѓу кои и стрелецот...

Загинати и повредени во престрелка пред голем трговски центар во Остин, Тексас. Две лица биле прогласени за мртви на местото на пукањето, меѓу кои и стрелецот.
„Во 17.00 часот е примен повик на 911 за испукани истрели. Неполна минута подоцна, првите единици биле распоредени и реагирале на местото на настанот. Добиена е информација дека имало повеќе истрели во трговскиот центар“, изјави Робин Хендерсон од полицијата во Остин.
Две лица биле полесно повредени.
