Образование
Почна учебната година за над 200.000 ученици
01.09.2023 10:33
За над 200.000 основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17-ти наместо на 10-ти јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29-ти април до 5-ти мај 2024-та...

Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година. Над 200.000 основци и средношколци седнаа во училишните клупи. Од Министерството за образование ветија дека денеска ќе ги добијат и учебниците.
Министерот Шаќири не чувствува одговорност што шестоодделенците за книги ќе чекаат до крајот на септември. Најави повисоки плати за наставниците.
Анита Димитријевска Велковска
