Уште еден предизвик за француската стратегија во Африка
Габон е втората поранешна француска колонија во Африка која се соочи со воен удар, шеста во три години – по Мали, Чад, Гвинеја, Буркина Фасо и неодамна Нигер, чија хунта можеби ќе се соочи со интервенција од западноафриканските соседи на земјата...

Француската премиерка Елизабет Борн објави дека Франција „со најголемо внимание“ го следи државниот удар во Габон, а нејзината влада го осуди бунтот против сојузникот на Париз, претседателот Али Бонго. Габон е втората поранешна француска колонија во Африка која се соочи со воен удар, шеста во три години – по Мали, Чад, Гвинеја, Буркина Фасо и неодамна Нигер, чија хунта можеби ќе се соочи со интервенција од западноафриканските соседи на земјата.
Франција во моментот има стотици војници постојано распоредени во Габон, кој како и другите поранешни француски колонии во регионот.
